
Човек популарен на You Tube, Хозе Зунига го искористил времето во изолација за да ја среди својата мускулатура.
Зунига секој ден правел по 300 склекови, по 100 наутро, преку ден и навечер и го направил телото непрепознатливо.
Важбал и други вежби, но исто како и вообичаено. За време на изолацијата за појадок јадел 1200 калории, ужина од 500 калории, за ручек 1000 до 2000 калории, уште еден оброк, вечера од 1000 калории, а сето тоа завршувало со шејк од 800 калории- па дневниот внес изнесувал околу 4950 калории.
– Мускулната маса се јакне па подолгото повторување на вежбите станува полесно и побрзо, рекол Зунига.
На почетокот тој имал 81 килограм, а по 30 дена тежел 86 килограми со видлив и дефиниран раст на градите.
– Ова беше многу брутално. До десеттиот ден градите и рамениците ми беа толку многу болни од повторување на истите вежби секој ден повторно и повторно- рекол тој.