Грција го усвои законот за примена на мерките за штедење

popara1 јули, 20111min00
Greek-Parliament

Грчкиот парламент вчера попладне го усвои законот за примена на изгласаните петгодишни економски мерки за штедење, што се неопходни за добивање на нова помош од Европската унија и од Меѓународниот монетарен фонд, со што земјата ќе избегне банкротот.

Владата на премиерот Јоргос Папандреу доби поддршка од 155 од вкупно 300 пратеници. Дури 136 пратеници се изјаснија “против“ законот за имплементација на мерките за штедење.

Ригорозната владина програма за штедење предвидува намалување на платите, отпуштање на работници, зголемување на даноците и продажба на јавните претпријатија.

Мерките само годинава треба да обезбедат заштеда од шест милијарди евра, а таа сума ќе биде многу поголема, бидејќи се придвидува приватизација на големите јавни претпријатија.

Грчкиот долг изнесува 340 милијарди евра односно повеќе од 30.000 евра на секој од вкупно 11,3 милиони жители на Грција.

Извор: Нетпресс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma