Западот во шок: Источна Европа издоминира во борбата со коронавирус, имаше сосема различен пристап!

popara25 мај, 20201min00
ковис

Три месеци од почетокот на кризата во Европа со коронавирусот епидемиолошките податоци покажуваат дека на стариот континент победија посиромашните земји, односно забележени се помал број на жртви отколку економски посилните држави во Европа, пишуваат италијанските медиуми.

Романија, Бугарија, Грција, Албанија, Унгарија и Словачка имаат многу помал број на смртни случаи во споредба со богатиот дел од Европа како Франција, Германија, Швајцарија, Шведска, Белгија, Данска и Велика Британија.

Причината може да се бара во свесноста на посиромашните земји за кревкиот здравствен систем во своите земји и заради тоа донесоа строги одлуки за блокади и правила многу рано.

Како за споредба, кога источниот дел беше недопрен од пандемијата, во Италија, Шпанија и Франција на големо се броеја заразените и жртвите.

Заострените мерки во Западна Европа следуваа кон крајот на март, кога веќе беше јасно дека епидемијата не е проблем само во Италија или во Шпанија.

Сега веќе има јасни знаци дека економски силните земји скапо ги чинеше потценувањето на ситуацијата, додека внимателноста на сиромашните земји се исплатеше.

На пример, Албанија има 11 починати од Ковид-19 на милион жители, додека Велика Британија има 536, Грција има 16 а Белгија 795, Словачка има 5 жртви на милион жители, а Франција 432.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma