Најновото истражување, кое привлече големо внимание, вели дека мажите со подолг до малиот прст на десната рака се во подобра состојба да го толерираат вирусот корона и со помала веројатност да имаат фатална инфекција.
Овој заклучок е изведен од студијата спроведена на над 200 000 луѓе во 41 земја и се покажало, велат научниците, дека стапката на смртност е една третина повисока во земјите каде мажите имаат пократок до малиот прст.
Зошто е така? Ако мажот има подолги прсти, тоа значи дека тие биле изложени на повисоки нивоа на тестостерон додека тие сè уште биле во матката на нивната мајка, и заради тоа добиле подолги прсти.
Професорот Џон Менинг од универзитетот Свонси вели дека заради овие податоци, Австралија, Нов Зеланд, Австрија и нациите на Источна Азија се во многу поповолна позиција во пандемијата, бидејќи мажите таму претежно имаат подолги до малиот прсти
„Тоа е нивна биолошка предност“, вели тој.
– Некој кој бил изложен на повисоки нивоа на тестостерон во пренатална фаза, и затоа има подолги прсти, има и повеќе ензими ACE2, благодарение на што е полесно да се одбрани од вирусот. Мажите со прсти како ова обично чувствуваат благи симптоми на коронавирус и брзо закрепнуваат – вели тој.