Неколку џамии во турскиот град Измир доживејаа хакерски напад во кои наместо молитви од звучниците, одѕвонуваше песната “Bella ciao”, симбол на антифашистичката борба и општо отпорот. На социјалните медиуми се шират снимки од Измир на кои се чини дека снимателите дури уживаат во промените, но на турските власти и религиските лидери, овој инцидент воопшто не им е забавен.
Освен што е покрената истрага против оние кои упаднале во звучниот состав и ја пуштиле песната, турските власти ги гонат и сите оние кои ја објавиле снимката на социјалните медиуми и “го подржале или пофалиле” пуштањето на песната бидејќи таквото однесување го гледаат како “јавно нарушување на религиски вредности”.
И покрај предупредувањата и заканите, снимките не престанаа да се шират по друштвените мрежи, а некои од нив може да ги погледнете и во продолжение.