22 годишната милијардерка и реалити sвезда Кајли Џенер со фотографија од детството покажа дека сличноста меѓу неа и нејзината ќерка Сторми е неверојатна.
Џенер со обожавателите на Инстаграм сподели две фотографии на кои мамјката и ќерката се во речиси идентична поза и двете се смешкаат.
„Моја засекогаш“, напиша Кајли која често зборуваше дека наликуваат како јајце на јајце.
Непосредно откако се роди Сторми во 2018 година, таа на Твитер напиша: „Изгледа како мене кога бев бебе“.
Подоцна призна дека се како близначки, но дека девојчето ги наследило усните на нејзиниот татко Тревис Скот.