Во каква неволја западна Лана Дел Реј, и зошто?

popara30 мај, 202010min00
imageedit_26_5218426263

Секој има своја идеја за како да направи враќање на сцената по долга пауза што ќе се памети – некои идеи се добри, некои се лоши, а некои се на пеачката Лана Дел Реј. Музичарката која спаѓа во несреќната категорија, заедно со огромната слава и фанови, добива и многу омраза и хејт коментари. Таа најави нов албум за оваа есен, но тој беше сосема засенет од нејзиниот пост на Инстаграм, насловен “Question for the culture:”.

Во постот таа го поставува прашањето зошто нејзината уметност и дела се постојано напаѓани, кога таа го прави истото што другите музичари го прават, но тие за тоа се прославени како феминистички икони.

Најголемиот проблем произлегува од невкусното именување на неколку поп ѕвезди, како Аријана Гранде, Доџа Кет и Карди Би. Таа вели дека иако тие имаат експлицитни песни за секс, прељуба и носење малку облека, тие сеуште се феминистки, додека таа кога пее за слични работи како танцување за пари, но и потешкотии во љубовта и самодоверба во своето тело, таа гламоризира насилство и го уназадува феминизмот.

Понатаму изјавува дека таа е феминистка, но дека се чувствува дека нема место во движењето за еднаквоста за неа, и дека треба да се направи простор за жени кои се деликатни и комплицирани, и чии гласови не се слушаат доволно.

Иако со добра намера, нејзината изјава поттикна многу дискусии во САД, особено на база на раса, бидејќи сите именувани поп ѕвезди се women of colour, а расизмот во САД е сеуште присутен и е токсичен дел од општеството.  Дел Реј потоа направи уште еден пост за да се извини, и да потенцира дека расата воопшто не била дел од нејзината идеја, но дискусиите продолжија, со тоа што многу луѓе потенцираа дека таа сепак не сфатила каде е проблемот, исто така велејќи дека не морала да ги именува другите пеачки за да ја поткрепи нејзината изјава.

Сепак, повеќето остануваат со мислењето дека постот на Лана Дел Реј му поставува добри прашања на феминизмот, колку и да се невешто кажани. Феминизмот е сеуште поларизиран на темата на сексуалните работници, како и за оние кои одлучуваат традиционално да се однесуваат и не го покажуваат бесот кон нееднаквоста како модерните феминисти. Но што и да мислиме за оваа тема и поп ѕвездата Лана Дел Реј, поставувањето на овие прашања сепак е во полза на движењето.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag