Започнува Копа Америка

popara1 јули, 20111min00
copa_america_2011_logo

Вкупно десет јужноамерикански и две гостински репрезентации ќе атакуваат на титулата, а Аргентина на домашен терен по пауза од 20 години ќе се надева на континенталниот трофеј. “Гаучосите” по 11-ти пат со вкупно осум градови ќе бидат домаќини на собирот на репрезентациите од Јужна Америка. Победникот ќе биде познат на 24-ти јули за кога е закажано финалето во главниот град Буенос Аирес на стадионот “Монументал”. Репрезентациите ќе бидат поделени во три групи од по четири екипи, а покрај двете најдобропласирани репрезентации од секоја група, во четвртфинале ќе се пласираат и уште две најдобро третопласирани репрезентации. Титулата првак ќе ја брани репрезентацијата на Бразил, но многумина ги сметаат домаќините предводени од Лионел Меси за фаворити на овој турнир. Во секој случај, се очекува ова да биде едно од најдобрите првенства на Јужна Америка. Аргенинците ќе играат со својот најсилен состав, а освен Меси, тука се и Тевез, Агуеро и Пасторе. Бразилците ќе бидат предводени од новото „чудо“ Нејмар, но и Пато и Робињо. Колумбијците со Фалкао и Гуарин ќе се надеваат на сензација, а уругвајците со Суарез, Форлан и Кавани по полуфиналето на Светското првенство ќе бараат потврда и на својот континент. На висок пласман ќе се надеваат и чилеанците во чии редови игра новата ѕвезда Алексис Санчез. Натпреварите од Копа Америка ќе бидат пренесувани во рекордни 212 држави, а акредитирани се и преку 2000 новинари. Првата Копа Америка е одржана во Аргентина во 1916-та година кога титулата ја освои Уругвај, репрезентацијата која славеше и на првото Светско првенство во 1930. Најуспешни се репрезентациите на Уругвај и Аргентина со по 14 титули, а Бразил има осум. Натпреварувањето ќе го отвори домаќинот Аргентина и репрезентацијата на Боливија.

Извор: Нетпресс

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma