Посебниот бункер кој се наоѓа под Белата Куќа е направен за засолнување на претседателот и и високи функционери во случај на терористички напад или слична вонредна ситуација.
Агентите на Тајната служба во спровеле претседателот на САД Доналд Трамп во петок вечерта, каде поминал еден час, во моментот кога Белата Куќа била опколена од демонстранти кои ги пробиле барикади и фрлале со камења.
Not very accurate apparently, pardon me. The building is not White House* https://t.co/EwEhcwF6qQ
— Remembrance (@Sealoverzzz) June 1, 2020
Белата Куќа не сакала да го коментира овој настан со образложение дека не ги коментираат протоколите и одлуките, а истото го објавиле и од Тајната служба.
Secret Service agents rushed President Donald Trump to a White House bunker on Friday night as hundreds of protesters gathered outside the executive mansion https://t.co/JVeNV3YHtE
— The Hollywood Reporter (@THR) June 1, 2020
Не е познато дали во бункерот биле одведени и сопругата на Трамп, Мелани и нивниот 4 годишен син Барон, се наведува во медиумите и додаваат дека според протоколот сите што се под заштита на Тајната служба треба да бидат во бункерот.