Мисица, дипломиран радиолог, а тринаесет години работела во болница во Минеаполис, станува збор за Кели Чаувин, сопруга на Дерек Чаувин, полицаецот којшто го усмрти Џорџ Флојд.
Кели Чаувин (45), шокирана од постапката на нејзиниот сопруг, поднесе документи за развод.
Три дена по убиството, Кели го напушти сопругот, којшто го запознала додека работела како радиолог во болницата. Се венчале во 2010та година, а за неколку дена требало да прослават годишнина од бракот.
Кели три години живеела во камп за избеглици, а се преселила во Америка уште кога била дете, кадешто научила да зборува на англиски јазик.
Пред две години земала учество во натпреварот за избор на Miss Minnesota, кадешто претежно учествуваат постари кандидатки, и го освоила првото место.
Иако моментално не е вработена, Кели истакна дека се откажува од правото на привремено или трајно издржување од страна на нејзиниот сопруг.