Мајкл Полански го освои срцето на поп ѕвездата – кој е новиот маж во животот на Гага?
Откако претходната година ја раскина веридбата со Кристијан Карин и краткотрајната авантура со музичкиот инженер Ден Хортон, 2020 на Гага и донесе и љубов. Станува збор за претприемачот Мајкл Полански.
По “Super Bowl” викендот таа објави фотографија на која е во прегратки на своето момче на јахта во Мајами, само неколку дена откако излезе веста за нивната врска.
Кој е всушност мажот кој го освои срцето на Лејди Гага?
Полански е ко-основач на Фондацијата „Шон Паркер“ која учествува во финансирање на големи компании, како Фејзбук и Настер. Организацијата поддржува филантропски проекти, како и проекти од полето на науката, јавното здравје и уметноста. Мајкл Полански е исто така член на иснтитутот во Сан Франциско задолжен за финансирање на истражувањеа за лечење на ракот.
Првиот пат кога тие беа поврзани заедно беше околу Новата година, но тогаш тој не беше идентификуван.
- „Парот беше виден заедно уште пред празниците, а Гага е апсолутно луда по него“ – вели близок извор на пеачката за американскиот портал E! News. – „Времето го поминуваат во Лос Анџелес, во куќата на Гага. Ретко се раздвојуваат, а таа го носи на сите случувања.“
Иако јавноста уште тогаш дозна за нивната љубов, приказната го достигна врвот кога тие се појавија заедно на „Super Bowl“ по настапот на пеачката, а тој заедно со нејзината мајка, ја гледаа од ВИП ложата. Неколку дена потоа Гага ги потврди гласините, објавувајќи слика со него на Инстаграм.
Блиските извори исто така тврдат дека таа никогаш досега не била вистински заљубена, како и дека иако нејзиното ново момче е сосема спротивен од неа, тоа и одговара и тие многу се грижат еден за друг. Се шпекулира и дека новата песна „Stupid Love“ се однесува токму на Полански.