Малиот црн фустан со години се сметаше за стилска класика и модно парче кое секој треба да го има во својот плакар. Но изгледа дека времињата се менуваат.
Тоа го докажува и последната студија која се занимава со темата на незаборавни модни трендови кои ги одбележија претходните децении, како и најистакнатите парчиња кои се сметаат за безвременски.
Тим стручњаци собраа околу 2000 луѓе во Велика Британија и ги анализираа сите трендови, а потоа ги издвоија најважните модни парчиња кои го заслужуваат називот „култни“ – рангирајќи ги според важноста.
Тексас јакните и тесните фармерки се наоѓаат на врвот на листата, како и кожните бајкерски јакни и маичките со слика од омилениот бенд.
Иако со години наназад малиот црн фустан го имаше статусот на култна облека и жените го обожуваа, оваа студија откри дека дамите повеќе ги бираат кратките сукњи.
На убедливото прво место се најдоа мини сукњите кои се сметаат за класика, како и постарите винтиџ модели кои денес изгледаат еднакво атрактивно и модерно.
Дамите го одбраа ова парче бидејќи го сметаат за основен дел на секој ормар кој лесно се комбинира со други работи, а воедно е и удобен. Дали вие сметате дека првото место е заслужено, и дали носите мини сукњи?
Еве ги и другите 9 останати најпопуларни модни парчиња на сите времиња:
- Мини сукња
- Мал црн фустан
- Кратки панталони
- Тексас јакна
- Чевли на платформа
- Ѕвонарки
- Кожна јакна
- Маички на прерамки
- Чизми преку колена
- Тесни фармерки