Благодарение на фотошопот и слични на него програми можеме драстично да го измениме изгледот – да ги зголемиме усните, испегламе брчките, да ги истакнеме јагодниците на очите и многу други работи.
Благодетите на овие програми најмногу ги користат ѕвездите, но некои од нив знаат и да претераат. Иако тие промени се повеќе од очигледни, тоа не ги спречува секојдневно на своите фанови да им сервираат лажни слики за својот изглед. Во ова најистакнати се следниве дами:
Клои Кардашијан се најде на остри критики токму поради оваа фотографија. Многи се запрашаа зошто го прави тоа, кога во реалноста изгледа сосема поинаку.
Ни нејзината помлада сестра, Кендал Џенер не заостанува со користењето на фотошопот. Иако сме ја виделе и без шминка и во сосема опуштено издание, кога станува збор за друштвените мрежи тука се мора да биде совршено.
Манекенката Бела Хадид исто така често се наоѓа на удар на медиумите поради фотографиите кои ги објавува.
Најдрастична разлика во изгледот може да приметите кај пеачката Иги Азилије. Шминка или фотошоп, проценете сами.