Љубителите на авантури сега имаат шанса да го посетат ова место! Имено, компанијата што се занимава со планирање и реализација на луксузни патувања и експедиции, EYOS Expeditions, додаде нешто сосема неочекувано на својата листа, а станува збор за авантуристичко патување. Придружувани од научници, тројцата среќни патници ќе можат да патуваат во „Маријанскиот ров“ најдлабоката точка на океанот на планетата.
Маријанскиот ров е, условно кажано, подводен кањон кој се наоѓа на 11 километри под површината, поточно, неговото дно е на длабочина од 11.034 метри.
Во моментов е најексклузивната дестинација што постои на земјата што може да се посети. Според експедициите на ЕИОС, повеќе луѓе ја посетувале Месечината отколку океанското дно. Патувањето ќе трае повеќе од 4 часа, планирано е да се помине 4 дена на дното, а само тројца среќници, кои ќе бидат избрани од компаниите, ќе можат да го видат и снимаат подводниот амбиент на Марјанскиот ров.