Вработените од Facebook се свртија против својот газда !

popara5 јуни, 20202min00
Вработените од Facebook се свртија против својот газда !

Директорот и основач на Facebook, Марк Закерберг се соочува можеби со најголемиот предизвик од основањето на компанијата бидејќи неговите вработени се побуниле на неговите одлуки да не ги „пипа“ контраверзните пораки на претседателот на САД, Доналд Трамп онака како што тоа го направи Twitter, во време кога друштвените мрежи имаат централна улога во немирите ширум САД, пренесува Радио на Слободна Европа според пишувањата на светските медиуми.

Вработените се побуниле против ставот на својот работодавач, критикувајќи ја компанијата поради одлуката да не превзема ништо во врска со претседателските постови за немирите во САД, пишува Фајнаншл Тајмс, укажувајќи дека неколку вработени на високи позиции го критикувале својот директор, додека други организирале „виртуелен штрајк“.

Додека протеските и немирите поради убиството на Џорџ Флојд се шират низ градовите на Америја, Закерберг е приморан да ја брани позицијата на Facebook, „институцијата посветена на слободното изразување“.

Трамп во петокот на Facebook и Twitter навел дека на насилните протести ќе одговори со воена сила: „Кога ќе почнат грабежите, ќе почне и пукањето“. За разлика од Twitter кој поставил предупредување на постот поради „глорифицирање на насилство“, Facebook пораката ја оставил како што била пренесена.

Закерберг навел дека не се согласува жестоко со ставот на претседателот, но дека треба да се овозможи што е поголема слобода на изразување и дека самите луѓе треба да донесат одлука околу изнесеното. Сепак истиот ден се појави вест дека имал „продуктивен“ телефонски разговор со Трамп, по што викендов следел протест за неговиот став на неколку негови вработени на Twitter.

Внатрешниот протест на најголемата светска платформа за социјална медиа го принудила Закерберг за три дена да објави две пораки – една со објаснување за својата одлука и втората во која понудил 10 милиони долари донација за групите кои се борат против расната неправда.

Facebook во понеделникот соопштил дека ќе ги подржи своите вработени кои учествуваат во виртуелниот штрајк и дека нема да им ги намалат платите.

Вработените во Facebook не се единствените кои го критикуваа Закерберг, против неговата одлука, незадоволство изразија и неколку организации за борба за граѓански права.

„Марк Закерберг мисли дека може да стави цена од 10 милиони долари на нашето молчење. Греши!“ – изјавил на Twitter претседателот на групата Боја за промена, Рашад Робинсон, додека Ванита Гупта од Лидерската конференција за цивилни и човечки права рекла дека Закерберговата донација претставува „крвави пари“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag