Убиството на Џорџ Флојд, што е тема број еден во сите светски медиуми во последните неколку дена, како и обично донесе со себе многу теории на заговор, а една од најлудите е дека немаше убиство и дека станува збор за глума.
Оваа теорија се рашири многу брзо на социјалните мрежи, а главната основа е профил на IMDB со името на Дерек Ковин – полицаецот кој го уби Џорџ Флојд.
Така се прошири сомнението во вистинитоста на видео снимката која го шокираше целиот свет, во која Дерек се гледа како го притиска вратот на црнецот Џорџ Флојд со коленото, по што измачуваниот човек умира.
Како и обично, големите пресврти во општеството доведуваат до уште поголема поларизација на општеството, но едноставно е неверојатно колкумина веруваа во теоријата дека уапсениот полицаец е всушност „кризен актер“ или оној кој е ангажиран во режирани прикази на некои катастрофи или несреќи како што се терористички напади, поплава, пожар итн.
Така, една корисничка на социјалните мрежи, со приказ од сцената на убиството на Флојд, изјави наводен доказ дека сè е заговор:
„Уште еднаш сме измамени! Повторно! Лажни вести! Дерек Човин е актер. Неговото име се појавува на IMDB во врска со ова видео“, напиша таа.
Сепак, портпарол на IMDB објасни за Ројтерс дека станува збор за „профил“ што е создаден на оваа страница на 28 мај, односно 3 дена по убиството на Флојд.
„Многу луѓе кои не се актери имаат профили на IMDB затоа што нивното име се појавува според природата на нивната работа во медиумите“, вели тој.
Тој објасни дека профилот на оваа страница е создаден или како резултат на честото споменување на неговото име во телевизиските вести и од страните на оние кои решиле да ја претстават смртта на Џорџ Флојд како заговор.
Сите тврдења дека Чаувин не бил полицаец се лажни, пренесува Ројтерс. Јавните службеници, вклучително и началникот на полицијата во Минеаполис, потврдија дека полициските службеници вклучени во смртта на Флојд биле отпуштени по инцидентот.
Исто така, неколку медиуми го објавија полициското досие на Чаувин со сите поплаки за неговата работа што претходно биле поднесени против него во текот на скоро две децении поминати во полицијата во Минеаполис.