СТАНУВА ЛИ ПОЛОШО? Фазлиу: Дали ситуацијата се држи под контрола ако 5 амбулантни возила за помалку од 15 минути во 18.30 чссот, носеа 5 заразени од Ковид19

popara5 јуни, 20201min00
klinika

Цели три месеци сум се воздржал од пишување на темата Ковид19, a инаку тие што ме познаваат знаат дека важам за јавен критичар во позитивна смисла на зборот, пишува на Фејсбук, Адхурим Фазлиу, здравствен работник.

Решив да го напишам оваа, видно потресен од вчерашната слика сликана од возачот на нашата екипа, додека јас и сестрата предававме Ковид-19 суспектен пациент во ГОБ “8-ми Септември” во 18:30 часот. Верувале или не 5 амбулантни возила само од ИМП Скопје за помалку од 15 минути носевме 5 Ковид-19 позитивни или суспектни пациенти со температура, треска, отежнато дишење, гушење. За облекувањето скафандери, маски, 2 пара ракавици, визири мислам дека доволно видовте од репортажата на новинарот Фуркан Салиу и преку сликите на новинарката Арбнора Мемети кои јавно ги замолувам да снимаат исти такви прилози и во ИМП СКОПЈЕ првата борбена линија со Ковид-19. Ние сме мостот кој ги поврзува Ковид-19 позитивните пациенти со болниците пружејќи им нега за основно одржување во живот на заболените, а воедно водејќи сметка за нашето здравје и здравјето на нашите сакани, наведува тој.

Додава дека јавното здравје е наша заедничка одговорност.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma