Во последните 24 часа регистрирани се 79 нови случаи на заболени од Ковид-19.
Резултатот е добиен по изработени 835 тестa; односно процeнтот на позитивните во однос на вкупниот број тестови е сличен како и претходните денови и се движи околу 10%.
Распоредено по градови:
- Скопје – 44
- Куманово – 9
- Тетово – 8
- Гостивар – 6
- Штип – 3
- Велес – 3
- Прилеп – 1
- Струга – 1
- Охрид – 1
- Битола – 1
- Неготино – 1
- Делчево – 1
Истовремено, 8 пациенти се излекувани, а починаа 2 пациентa позитивни на Ковид-19.
Едниот од нив е од Прилеп, а другиот од Струмица.