Што е АНТИФА- НОЌНАТА МОРА НА ДОНАЛД ТРАМП

popara6 јуни, 20201min00
трамп

Американскиот претседател, Доналд Трамп виновникот за најмасовните улични протести во САД го пронајде во Атифа, и има намера да ја прогласи за терористичка организација, иако таа не постои како единствена организација ниту има организациска хиерархија и водачи.

Противници на глобализмот

Антифа, е всушност движење составено од повеќе антифашистички групи кои влечат корени од германското антифашистичко движење од крајот на дваесетите и почетокот на триесеттите години на минатиот век, и е под закрила на Германската комунистичка партија (КПД). Од тоа време потекнува и карактеристичното знаме, кое во тоа време се состоело од две црвени знамиња, кои ја симбилизирале борбата на различни социјалистички друштва против фашизмот, додека долното знаме било црно со цел да се нагласи важноста на анархистичките друштва во заедничкото антифашистичко движење. После долга хибернација на Антифа таа повторно се појавува во седумдесетите и осумдесеттите години во Германија, и тоа како алтернатива на тогашниот неонацизам во контекст на панк субкултурата и појава на скинхед движењето, особено на левичарската студентска популација во Берлин и Хамбург. По соединувањето на Германија, Антифа добива нова сила во склоп на антиглобалистичкото движење и протести против климатските промени, а демонстрантите кои себе си се сметаат за Антифа делуваат и во бројни антиглобалистички и антикапиталистички протести како на пример G20 во Хамбург во 2017 година, кои беа одбележани со големи нереди и пустошења во големите германски градови.

Движето во последните неколку години се проширило во целиот западен свет, а денес помали и поголеми официјални групи на Антифа делуваат во повеќе европски земји. Една од клучните карактеристики на Антифа е тоа што нивните припадници, за разлика од повеќето конвенционални левичарски движења од западот, не бегаат од насилство, вандализам и судар со крајно десничарските и другите движења кои ги смеетаа за свои противници. Токму од тоа нивно правило припадниците на Антифа не отстапуваат иако налик на фашизмот кој се спротивставувал „со сите располошливи средства“ кон неистомислениците, предизвикува најмногу полемика и оспорување, како од страна на левицата така и на десничарите. За Антифа е карактеристично тоа дека не се занимава со идеологија, туку повеќе превзема конкретни акции против носителите на неофашизмот, капитализмот и неолиберализмот, кои ги смета за свои главни противници.

Децентрализирачко движење

Меѓутоа треба да се напомене дека Антифа не е една организација, ниту пак има една структура и политичка платформа, туку станува збор за децентрализирачко движење составено од повеќе различни групации, кои се самоорганизирани и може да ги основаат разни поединци, но мора секој пат да да се против неонацизмот, расизмот, хомофобијата… Претседателот Трамп во Антифа виде главен организатор на протестите и немирите, но податоците на разузнавачките служби не ги потврдуваат овие заклучоци, иако Антифа го подржува движењето за правата на афроамериканците Black Lives Matter, кое се појавило во 2014 година, по бруталното убиство на еден афроамериканец од страна на полицијата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma