Многу луѓе сметаат дека јавните тоалети се можност да се испроба нешто што не би го направиле дома, а исто така ги гледаат јавните тоалети како предизвик.
На сликата може да ги видите правилата за користење на јавните тоалети. Заради состојбата во која се наоѓаат просечните јавни тоалети, постои потреба да се објасни кое однесување е забрането додека ги користите.
Факти:
- 110 проценти од луѓето ги користат јавните тоалети кога имаат пролив. 10 проценти од фекалиите завршуваат надвор од шољата.
- Доколку се обидете да прднете без да ве чуе никој, знајте дека тоа не е можно. Некој секогаш ќе влезе кога другите излегуваат.
- Може да влезете во тоалетите на бензинските пумпи само доколку горите или сте во зомби филм, а тоалет нема во радиус од неколку километри.
Опасности кои демнат во јавните тоалети
Секој кој некогаш влегол во јавен тоалет знае што да очекува. Секој кој воопшто не користел јавен тоалет е чудак и е еден од шесте најсреќни луѓе на планетата.
Во јавните тоалети секогаш може да најдете:
Графити: Графитите се една од подобрите карактеристики на јавните тоалети. Тие варираат од пештерски цртежи до телефони на проститутки, се во зависност од тоа каде се наоѓате. Секогаш може да најдете испишани пцовки, цртежи, телефонски броеви од секаков вид, а негогаш дури и целосни раговори.
Графити испишани со фекалии: Ова е најлошото нешто на што може да налетате. Тоа се графити, но се испишани со фекалии. Ве молиме, доколку некогаш се најдете во таква ситуација, повикајте професионална служба за чистење и дезинфекција.
Фекалии на подот: Ова и не е толку ретка појава колку што мислите. Фекалии на подот на јавните тоалети се резултат на пијани луѓе или луѓе кои ги мразат чистачите.
Гел од урина: Ова всушност претставува исушена урина на подот на јавниот тоалет и е грозна глетка за секој кој ќе налета на него.
„Славната дупка“: Ова е местото каде живеат перверзните. Тоа е дупка помеѓу кабините наменета за шпиунирање или пак за секс со непознати.
Ридови со бактерии: Во буквална смисла на зборот, тоа се купишта бактерии. Најчесто може да ги најдете во најлошите јавни тоалети. Доколку видите нешто што се движи, а не е бубачка, тогаш најверојатно е рид од бактерии.
Дрвена тоалетна хартија: Некогаш, доколку имате среќа, може да налетате на тоалетна хартија. Доколку нема, можете слободно да ги искористите вашите чорапи. Тоалетната хартија во јавните тоалети најчесто е мешавина од дрво, шишарки, срамни влакна и стаклена волна.
„Жители“ на јавните тоалети:
Постојат многу ненормални луѓе кои „живеат“ во јавните тоалети и кои треба да ги избегнувате.
Зборувачи: Непознати луѓе кои зборуваат со вас или со други луѓе додека сте во тоалет. Постојат повеќе видови на зборувачи (како на пример телефонските зборувачи). Не разговарајте со никого.
Зборувачи од кабина: Овој вид на зборувачи разговараат со вас од нивните кабини. Тие се повознемирувачки од обичните зборувачи, бидејќи неможете да видите што прават во моментот.
Зборувачи на телефон: Користењето на мобилни телефони или сурфањето на интернет додека сте во јавен тоалет не е ништо чудно. Сепак, постојат луѓе кои сакаат да ги споделат сите звуци со своите пријатели по телефон, а тие се нарекуваат телефонски зборувачи.
Демначи: Тоа се најчесто љубопитни мали деца, но исто така може да бидат и перверзни луѓе. Ова се луѓе кои манијакално ве следат со поглед, а некои дури и ѕиркаат во вашата кабина. Доколку некогаш наидете на некој таков, слободно клоцнете го во лице и избркајте го.