Вежбите во вода најбрзо ги топат колограмите

popara2 јули, 20111min00
water-aerobics-classes2

Aкваробик или аеробик во вода, во последните години е се попопуларен бидејќи е докажано дека вежбањето во вода е неспоредливо поефикасно отколку во сала. Се што ви е потребно се: костим за капење, пешкир и волја за својата линија да ја доведете до перфекција.

Предностите на аквабикот во однос на другите физички активности се големи. Можноста за повреда е сведена на минимум, а стручњаците тврдат дека ефикасно го намалува стресот, бидејќи вежбањето во вода е идеална терапија за опуштање и отстранување на напнатоста.
Еден сесија по аквабик обично трае околу 1час, а стручњаците предложуваат претходно да се посети сауна за организмот ефикасно да ги отстрани токисните.
Се препорачува на жени на секоја возраст, деца во развој но и на мажите.
Аквабикот подразбира вежби за сите групи на мускули, го зацврстува и обликува телото, ја лекува гојазноста. Гојазните лица исто така може да се занимаваат со овој вид на рекреација бидејќи аквабикот не побарува претходна физичка подготовка.
Исто така се препорачува на трудници и на оние кои имаат проблеми со ‘рбетниот столб.
Ефектот се гледа веќе после месец дена, доколку вежбате неколку пати во неделата. Исклучителни резултати се постигнуваат и при отстранувањето на целулитот.
Вежбите се изведуваат на рабовите на базените, или во средината, а инструкторот е надвор од базенот каде ги демонстрира движењата и правилното дишење.
Основниот извор на енергијата за ова вежбање се всушност масните наслаги од организмот, па на тој начин мошне брзо ќе го изгубите вишокот на килограми.
Психолозите тврдат дека овој вид на рекреација е идеална за лицата кои се срамат од својата фигура и поради тоа не вежбаат во сала. Во вода никој не Ве гледа и така може да вежбате без оптеретување.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma