„Овие фотографии на мене делуваат како немо предупредување дека заборавивме дека сме луѓе …“
Изложба на фотографии од Миломир Ковашевиќ, насловена „Добредојдовте на Голи oток“, ќе биде отворена во четврток, 11 јуни во 19 часот во галеријата „Артгет“ во Белград.
- Фотографиите на Миломир Ковачевиќ „Добредојдовте на Голи Оток“, имаат нешто што воопшто не е иронично како наслов на оваа изложба: покана за конечно физички, со помош на светлина и сенки, откриете нешто што е само поим за пекол во нашите глави. Затоа што, Голи оток е синоним за маките на Хадес, на кои илјадници жртви биле изложени од 1948 година до доцните педесетти години, и секогаш остана само како маглива закана, а помалку како специфичен географски термин со своите топоними – пишува Горан Марковиќ и додава:
- Јас самиот престојував на тоа проклето место, исто како Миломир, но сега како што ги гледам неговите визуелни впечатоци, мислам како можеби не сум го видел добро тоа место. Ми се чинеше како целина, како удар во главата, а фотографиите на Миломир Ковачевиќ ја разложуваат таа целина во серија од визуелни сензации и избрани сцени кои им давбаат посебна светлина на работите, сосема поинаку од тоа како јас ги доживеав.
Тие фотографии всушност зборуваат за нас сега. И тие го поставуваат прашањето: дали со оставивме сочувствувањето на тој проколнат остров? Затоа што, ништо не е толку присутно во моментот во кој живееме како тоа – недостаток на емпатија, недостаток на разбирање за другите, недостаток на интерес за страдање. Овие фотографии ми се чинат како тивко предупредување дека заборавивме дека сме луѓе – посочува Горан Марковиќ.
Авторот Миломир Ковашевиќ (1961) започна да се занимава со фотографија на 17-годишна возраст. Работата на овој фоторепортер, истакнат хроничар на Сараево, чии фотографии немаат сензационален карактер и кратко траење, опфаќа широк спектар на теми, од оние што честопати се невидливи во течеммието на секојдневниот живот, до оние што отвораат некои табу-темите за тоа време.
Во 1995 година, тој заминува во Париз, каде го дечекал крајот на војната во БиХ. Во новото опкружување тој ја продолжува својата успешна фотографска и изложбена активност преку циклуси портрети на жители на француските градови, париски гробишта (како продолжение на воените серии од Сараево), улични шахисти, ноќно фотографирање на споменици и сè што го прави Париз град на светлината и други.
Тој добил многу признанија за неговата работа, меѓу кои последното беше од претседателот на Франција, со кое беше прогласен за витез со заслуги за неговото фотографско дело и ангажман.