Skaftafell паркот е вториот по големина парк на Исланд и претставува неверојатна оаза меѓу песокот и глечерите. Во 1967 година е прогласен за Национален парк, а едно од несекојдневните и бајковити места е секако Кристалната пештера.
Замрзнатите пештери се инаку, привремени структури, кои се појавуваат на работ од глечерите, а одвнатре изгледаат магично. Но, тие, исто така, се многу нестабилни и можат да се срушат во било кој момент.
Недостатокот на воздух во пештерата ја апсорбира речиси целата светлина, освен сината боја којашто е видлива со голо око. Сепак, и синиот мраз може да се види само под одредени околности, најчесто во зима, по долгите периоди на дожд, кога површинскиот слој на глечерите ќе се “испере”.