Ким Кардашијан Вест му посака на својот сопруг, Канје Вест среќен роденден. Музичарот го прослави 43-от роденден, а неговата сопруга му испрати искрени честитки преку Инстаграм, каде објави неколку фотографии што досега не биле видени, но и никогаш сподели не познати информации за нивното прво дете – ќерката Норт.
‘Благодарам што секогаш си бил свој и никогаш не дозволи светот да те смени. Мојот живот не би бил ист без тебе “, изјави таа за музичарот со кого покрај споменатата 7 годишна ќерка Норт, ги има и 2 годишата Чикаго, 4 годишниот Сеинт и 1 годишниот Псалм.
Во своите Инстаграм стории, Ким објавила фотографија од денот кога открила дека е бремена со своето прво дете и опиша колку поддршката на нејзиниот сопруг и значела во тоа време.
Интересен факт за оваа фотографија. Снимена точно кога дознав дека сум бремена. Јас го натерав Канје да лета за Лондон за мојата модна ревија затоа што бев вознемирена од бременоста. Тој ме однесе во ресторан и се обиде да ме теши “, напиша Ким.