Сепак ќе може во ЕУ…ЕК препорача отворање на границите меѓу ЕУ и Западен Балкан од 1 јули

popara11 јуни, 20201min00
ebropa

Европската комисија препорача укинување на граничните контроли во Шенген-зоната до 15 јуни, отворање на надворешните граници за земјите од Западен Балкан од 1 јули и постепено отворање на надворешните граници за граѓаните од другите трети земји.

Комисијата препорачува членките на Шенген-зоната и придружните земји да ги укинат внатрешните гранични контрли до 15 јуни 2020 година, да ги продолжат привремените ограничувања за патувања во ЕУ кои не се неопходни до 30 јуни и да подготват рамка за постепено отворање потоа, соопштуваат од Комисијата.

Комисијата, исто така, препорачува укинување на ограничувањата за патување во ЕУ за граѓаните на Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Србија од 1 јули, „бидејќи нивната епидемиолошка состојба е слична или подобра отколку во ЕУ“.

За другите трети земји, Комисијата не препорачува генерално укинување на ограничувањата, бидејќи здравствената состојба кај некои од нив е критична.

Затоа се предлага да бидат укинати ограничувањата за избрана група земји, а селекцијата треба да се заснова на објективни начела и критериуми, вклучувајќи ја здравствената ситуација и способоноста за воведување мерки за борба против заразата за време на патувањата.

Управувањето со границите е надлежност на земјите членки, а Европската комисија не може да донесува одлуки, туку само да дава препораки.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag