Сексот за време на кој двајцата партнери стојат согорува најмногу калории, додека ако сакате да добиете форма со секс, треба да избегнувате лежечки пози, советуваат фитнес-експерти од порталот 24/7 Фитнес. Како единица време, експертите избрале половина час секс, за време на кој, ако двајцата партнери стојат, тие можат заедно да согорат 343 калории, при што маж троши 198 калории и жена 145. Додека со лежечката позиција се трошат само 56 калории.
Веднаш по стоечката поза за мажите, најефективна е таканаречената „wheelbarrow“, слична на позицијата „doggy“, но со таа разлика дека нозете на мажот се многу пораспраширени од женските. Тогаш мажот троши 167 калории, а жената 149, поради што оваа поза е рангирана на високо второ место. Позата во која жената лежи на грб, со нозете кренати нагоре, т.н. „legs akimbo“, мажот троши 153 а жената 111 калорија. Малку подобра за припадниците на двата пола е позицијата „lotus“, во која партнерите трошат 287 калории – 148 тој, и 139 таа.
Експертите посочуваат дека сексот има одличен ефект врз срцевите отчукувања, ја зголемува циркулацијата и флексибилноста на телото, но и работата на хормоните. Во исто време, оргазмот ја активира областа на мозокот која е одговорна за намалување на чувството на болка, а овој ефект може да трае и до 24 часа.