Весли Кларк имал идеја да ги нападне Русите на Косово во 1999 година, ЕДВАЈ ГО УБЕДИЛЕ ДА СЕ ОТКАЖЕ: Човиќ откри детали

popara11 јуни, 20201min00
balkan5

Вчера, 10 јуни, пред 21 година, беше донесена Резолуција 1244, единствениот валиден документ со кој се регулира положбата на Косово и Метохија. Истиот ден заврши агресијата на НАТО врз СРЈ.  Поранешниот вицепремиер Небојша Човиќ истакна дека според Резолуцијата 1244, на меѓународните сили им била дадена можност воено и делумно политички да ја контролираат областа на јужната српска покраина.

  • ”Резолуцијата 1244 првично беше документ според кој функционираа меѓународните фактори, тие постојано се повикуваа на неа, и во него има работи што не соодветствуваат, но тоа е единствениот меѓународно валиден документ. Сите други документи не се меѓународно валидни.” – рече Човиќ. Тој потсети дека друг документ е потпишан во 2001 година, кој е меѓународно валиден и донесен од Советот за безбедност.
  • ”Тој договор се засноваше на Резолуцијата 1244 и според тој договор, изборите се одржаа во ноември 2001 година, а во рамките на тие разговори и договори беа дискутирани најчувствителните акти, како што е враќањето на нашите безбедносни сили, неколку стотици но помалку од 1.000” – рече Човиќ.
  • „Кога беше потпишана резолуцијата, нашите сили започнаа да се повлекуваат на 12 јуни, а потоа влезе Весли Кларк и сакаше да направи голема церемонија, која беше уништена од Русите” – рече Човиќ, додавајќи дека русите од Босна дошле со извонреден маневар и го заземале приштинскиот аеродром “Слатина”.

Како што вели тој, малку е познато дека Весли Кларк имал идеја да ги нападне руските сили, па генералите на НАТО го разубедувале и на крајот дури и му ја одбиле наредбата.

Што се однесува до злосторствата извршени на територијата на Косово и Метохија, Човиќ вели дека тие биле архивирани од НАТО и КФОР, но тие никогаш не биле искористени.

  • ”Тие архиви воопшто не се користат, не се користат за Хашките обвиненија. Ништо не е решено, ниту исчезнатите Срби, киднапираните лица, трговијата со органи, ниту голем број убиства што се случија на територијата на Косово и Метохија. ” – истакна Човиќ.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag