Му се закани на Трамп со воен пуч: ако одбива да го направи ова, војската ќе го изнесе од Белата Куќа!

popara12 јуни, 20201min00
zakana za tramp

Кандидатот на Демократската партија на следните избори, Џо Бајден, смета дека актуелниот претседател го чека воен пуч доколку одбие да го признае поразот на претседателските избори.

На прашање на новинарите што мисли Бајден дека може да се случи ако Трамп загуби на претседателските избори во ноември и ако одбива да ги признае неговите резултати и да ја напушти својата функција, поранешниот потпретседател на САД одговорил дека во тој случај војската може да помогне.

„Ви ветувам, апсолутно сум сигурен дека тие брзо ќе го изнесат од Белата Куќа“, изјавил Бајден.

Тој додал дека во американската војска многумина се противат на обидите актуелниот претседател на САД да ја претвори Америка во милитаристичка држава и изјавил дека се гордее со војниците кои неодамна го критикуваа Трамп.

Слично мислење изразил и член на Претставничкиот дом од Луизијана, демократот Седрик Ричмонд. Според него, војниците ќе се вмешаат доколку Трамп се противи на резултатите на изборите.

Претходно медиумите пишувале дека постои конфликт помеѓу Доналд Трамп и шефот на Пентагон Марк Есперо, откако тој јавно соопштил дека не сака да користи воена сила за гушење на протестите кои ги зафатија САД по смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag