Корона вирусот фрли авиокомпании ширум светот на колена, принудувајќи ги да приземјат авионите и да отсечат десетици илјади работни места за да се подготват за значително различен пазар на патувања во следните три години.
Кризната со вирусот најтешко ги погоди компаниите со низок буџет „Easy Jet“, „Jet2“, „Pegasus“, „Ryanair“, „Wizz Air“ и други.
Поради пандемијата, најголемата европска нискобуџетна авиокомпанија „Ryanair “ во април забележа пад на бројот на патници за 99,6 проценти, а слично прошле и другите компании.
Ситуацијата не е значително променета, што е потврдено од сликите објавени од Flightradar24.com. Имено, на овој ден минатата година во 15 часот, над Европа летаа 704 авиони, додека денес имаше само 27.
Слично беше и на другите континенти.
Сепак, многу компании продолжуваат да работат, а воздушниот сообраќај полека се враќа на стариот начин, сепак, економските последици ќе бидат големи.