Да и помогнеме на Саманта, осамена е

popara3 јули, 20111min00
sneak_peak_sex_and_the_city_2

Иако позади себе има два брака, светска слава, заводливата ѕвезда од серијата “Сексот и градот”, вели дека се чувствува осамено.

Актерката Ким Катрал (54) се пожалила дека секогаш била зафатена со работа или не била со вистинската личност со која би посакала дете, а сега е многу осамена.

“Се ми беше поважно, бидејќи мислев дека има време за деца. Секогаш тој чекор го оставав за наредната година и на крајот останав сама”.

Ким вели дека е среќна што барем има прекрасни пријатели и дека многу ја радува што може да ги подучува младите актери.“Тие ми се како деца, ги учам да станат не само добри актери, туку и прекрасни луѓе”.

“Ја сакам мојата работата, но таа е главен виновник за нуспешноста на моите бракови. Тоа е цената што ја плаќате. Должината на моите работни денови ми правеше проблеми во моите врски. Немав време за ништо. Многу ги сакав да успеам во брак, но немав време да му се посветам и сетоа тоа заврши”, додава Ким.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag