Вчера Анастасија објави фотографија на која таа е во кратко лелеаво фустанче.
Семејството Ражнатовиќ овие денови поминува низ доста турбулентен период. Наиме, по радосната вест, Вељко и снаата Богдана, го добија своето прво дете, малиот Жељко, следуваше семејна прослава која траеше два дена.
Првиот ден е организирана забава во семејната вилла на Дедиње, а вториот во Богданиниот роден Тител. Сепак, многумина се опуштија и заборавија дека сеуште треба да држат дистанца поради пандемијата од корона вирусот која е од неодамна завршена. По прославата е откриено дека фризерот на Цеца е позитивен на вирусот. После тоа се тестираа и Цеца и Вељко, а резултатите се позитивни.
Анастасија Ражнатовиќ од друга страна, имаше повеќе среќа, па таа не е заразена со корона вирусот, а вчера објави и навистина добра вест. Нејзиниот профил на инстаграм достигна милион следбеници.
Младата пејачка ги објави среќните вести, а судејќи по нејзиното однесување на мрежите, ситуацијата со здравствената состојба во семејството е стабилна.
Вчера Анастасија исто така објави фотографија на која таа е во краток лелеав фустан.
– Заљубена сум во овој фустан – напиша во коментар.
Нејзиното момче Џорџе Куљиќ не беше претерано активно на забавите кои ги организираа семејствата Ражнатовиќ и Родиќ, но за сега таа не се изјаснувала за статусот на врската.