Со коронавирус се заразиле 3895 македонски граѓани, починаа 179 лица

popara14 јуни, 20201min00
kovid mk

Бројот на вкупно досега заболени во земјава се ближи кон 4000, новозаболените се бројат во трицифрени броеви и во последното деноноќие регистрирани се 196 нови случаи, а властите уверуваат дека имаме капацитет да се справиме и со овој актуелeн бран.

Министерството за здравство вчера информира дека во последните 24 часа се направени 1213 тестирања, а регистрирани се 196 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-90, Куманово-17, Штип-5, Прилеп-1, Тетово-45, Струга-8, Велес-1, Битола-4, Охрид-11, Гостивар-8, Крива Паланка-1, Пехчево-2, Свети Николе-1, Ресен-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти од Скопје-3, Куманово-1, Штип-2, Прилеп-4, Велес-1.

Починати се осум пациенти, четири од Скопје, еден од Струга, еден од Охрид, еден од Гостивар и еден од Ресен.

За само еден ден, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица од Скопје, пациентка на возраст од 76 години, хоспитализиран пред 10 дена, пациент на возраст од 67 години, хоспитализиран пред 8 дена и пациентка од Гостивар на возраст од 31 година, на болничко лекување од 26 мај.

Во ГОБ „8 септември“ починаа двајца пациенти од Скопје на возраст од 43 години-хоспитализиран на 11 јуни, пациентка на возраст од 59 години, хоспитализирана на 10 јуни и пациент од Струга на возраст од 56 години, хоспитализиран на 2 јуни.

Во болницата во Битола почина пациент од Ресен на 68 години, хоспитализиран во текот на вчерашниот ден. Во болницата во Охрид почина пациент на возраст од 81 години, хоспитализиран на 10 јуни.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3895, бројката на оздравени пациенти е 1705, на починати е 179, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2011.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma