На Велика Британија и се заканува поопасна болест од короната: Лекарите предупредуваат дека илјадници луѓе би можеле да умрат!

popara14 јуни, 20201min00
britanija

Лекарите предупредуваат дека илјадници луѓе во Велика Британија би можеле да умрат од рак на дебелото црево, откако скринингот е запрен поради пандемијата на коронарен вирус, пишува британски „Гардијан“.

Ракот на дебелото црево е втора водечка причина за смрт во Велика Британија, по рак на белите дробови и предизвика смрт на повеќе од 16.000 луѓе минатата година.

Туморите се шират агресивно ако не се лекуваат, но може да се детектираат во рана фаза со специјални техники за скрининг.

Како резултат на тоа, лекарите можат да оперираат тумори пред да се прошират, а пациентите честопати се опоравуваат целосно.

Неколку илјади случаи на рак на дебелото црево се откриваат на овој начин секоја година.

Податоците покажуваат дека, кога ракот на дебелото црево е откриен во рана фаза и се започнува со третман, повеќе од 90 проценти од пациентите живеат пет или повеќе години после тоа.

Сепак, од март, скринингот за рак на дебелото црево е запрен поради пандемијата „Ковид-19“, а лекарите стравуваат дека тоа ќе доведе до зголемување на бројот на смртни случаи од оваа болест.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma