Најновата студија потврдила дека шопингот има дологтрајно дејство на расположението, ги потиснува негативните чувства и ве расположува.
Истражувачите спровеле стотина интервјуа во трговските центри. Освен тоа, барале од купувачите да водат дневници за своето однесување и расположението во текот на купувањето – дали после чувствуваат вина или каење.
62% од испитаниците потврдиле дека купиле нешто како би се развеселиле, додека за 28% од нив купувањето е одреден вид на самонаградување.
Чувството на вина и каење го манифестирале купувачите кои се впуштиле во импулсивно купување.
Заклучокот на студијата, која е објавена во еден американски весник за психологијата и маркетингот е следново: Шопинг-терапијата интензивно делува на поправањето на расположението.