Фатен е во средата, но набрзо е пуштен бидејќи имал право на кауција од 3,3 милиони долари. Станува збр за обвиненија за силување кои наводно се случиле меѓу 2001 и 2003 година.
Глумецот Дени Мастерсон (44), кој го толкуваше ликот Стивен Хајд во легендарната серија ‘That ’70s Show’, овие денови го привлече медиумското внимание. Обвинет е дури за три случаи на силување, јавува CNN.
– Мастерсон е невин, уверени сме дека ќе биде пуштен кога сите докази конечно ќе излезат на виделина и сведоците ќе имаат можност да сведочат – вели неговиот адвокат Том Месерау.
Додаде дека глумецот и неговата сопруга се во шок.
– Но сепак се утешени знаејќи дека вистината ќе излезе на виделина. Луѓето кои го познаваат господинот Мастерсон го знаат неговиот карактер и тоа дека овие тужби се лажни – кажува адвокаот.
Властите наведуваат дека глумецот е обвинет за силување на 23-годишна жена во 2001 година, потоа 28-годишна жена во април 2003та и 23-годишна жена помеѓу октомври и декември 2003 година. Сите злодела се случиле во неговата куќа на Холивуд Хилс.
Судењето ќе се одржи на 18 септември, а ако му се докаже вината, би можел да добие 45 години зад решетки. А, не е исклучена ни можноста за доживотна затворска казна.