Шарлот Морисон од Австралија наишла на необична глетка за време на реновирањето на нејзината куќа.
Имено, додека ги вадела тапетите од sидовите, таа видела 23 години стара порака, пренесува „FoxNews“.
Оваа порака била напишана во 1997 година неколку дена пред Божиќ од страна на тогашниот сопственик на куќата по име Џон!
“Ако повторно користите тапети во оваа просторија, ќе ви требаат осум ролни тапети. Јас на 5 декември 1997 година купив само шест за 17 долари по ролна и немав доволно. Тоа ме разбесни”, се вели во пораката.