1. Кејти Пери и Расел Брен купија куќа во Hollywood Hills која се проценува на 6,5 милиони долари. Куќата од 820 м2 е изградена во шпански стил во 1925 година, а доаѓа со имот од околу 12.000 м2. Куќата има седум спални соби, девет бањи, апартман со четири соби, два гостински апартмана, простории за послугата, вградени камини, како и сопствен паб.
2. Имотот на Кетрин Хепберн се проценува на 28 милиони долари. Кетрин Хепберн живееше во куќата која се наоѓа во Конетикат се до 2003 година, кога почина на 96 годишна возраст. Куќата, која е изградена во колонијален стил, има шест соби и осум целосно опремени бањи.
3. Во последно време, заради најавениот развод, е актуелен и имотот на Арнолд Шварценегер, кој актерот го купи во 2002 година за 4,9 милиони долари. Куќата, со површина од 1350 м2 доаѓа со седум спални соби, десет бањи, базен и тениско игралиште, а доаѓа со имот од над 24.000 м2. Куќата се наоѓа во ексклузивнатата населба Brentwood, а познавачите сметаат дека нејзината цена ќе биде значително поголема од онаа која ја платил Шварценегер.
4. Елен ДеЏенерис и нејзината сопруга Порша де Роси-ДеЏенерис го продаваат својот дом во Беверли Хилс за неверојатни 60 милиони долари. Куќата е огромна, има три спални соби, огромна трпезарија, отворен и затворен базен, сопствен фитнес центар, како и простор одреден за нудистичко сончање.
5. Озлогласениот дом на Чарли Шин, наречен „Дом во долината на трезните“, се продава за 7,2 милиони долари. Куќата е изградена во медитерански стил, има огромни простории со прекрасен поглед, професионална кујна во дворот заедно со огромна трпезарија, како и базен и спа центар.
6. Познатата пејачка Пинк и нејзиниот сопруг Кери Харт купија куќа во Малибу за 11,8 милиони доари. Пинк, која неодамна изјави дека дом идеален за нејзиното семејство, вели дека куќата има неверојатен поглед кон океанот, сопствен базен, како и градина.
7. Ѕвездата на НБА, Леброн Џејмс, купи куќа во Coconut Grovе во Флорида. Куќата, која го чинеше 9 милиони долари, доаѓа со имот од 1800 м2 и располага со шест спални соби, 8,5 бањи, базен, сопствено кино, библиотека како и сопствено пристаниште за две јахти.
8. Шер реши да го продаде на аукција својот имот на Хаваи. Експертите проценуваат дека цената на овој имот од околу 800 м2, кој се наоѓа на плажата Kona – Kohala, се движи од 8 до 12 милиони долари.
9. Николас Кејџ конечно успеа да го продаде својот имот во Bel Air за 10,5 милиони долари. Домот, кој пред неколку години беше проценет тројно повеќе , односно 35 милиони долари, се најде на продажба заради финансиските проблеми на холивудскиот актер. Куќата од 1000м2 располага со сопствена винарска визба, сопствено кино, шест спални соби, девет бањи и базен.
10. Џенифер Анистон, која го стави својот дом во Холивуд на продажба за 42 милиони долари, купи пентхаус апартман во Њујорк за 5,9 милиони долари. Апартманот има една спална соба и една бања, како и кујна во најмодерен стил и огромен балкон со прекрасен поглед. Актерката, која живееше во куќа од 850м2, вели дека овој апартман е совршен за нејзиниот стил на живот во моментот.