Маските во регионот Ломбардија се задолжителни, најрано до 30 јуни. Во автомобил можете да се возите само со оние со коишто живеете, а доколку не е така, тоа лице треба да се вози на задното седиште со маска.
Не се дозволени прегратки и бакнежи на јавно место со луѓе кои не се членови на вашето семејство, а дистанцата од еден метар е исто така задолжителна како и маската.
Она што граѓаните го коментирале како апсурдно е приказната на една мајка на која и било одземено детето бидејќи е оценето дека таа не е соодветна за неговата грижа. Мајката била самохран родител и при обидот да ја усклади работата во смени со грижата за деветгодишното дете, тоа и било одземено од центарот за социјални работи.
На мајката и било дозволено да го гледа детето еден час неделно, а за време на карантинот тоа не и било дозволено, освен преку видео повик.
Локалната полиција која заедно со полицијата, карабинерите и финансиската полиција има право да врши контроли и да пишува казни изјавила дека морала да интервенира бидејќи имало премногу луѓе кои не држеле дистанца.