Идеолошката ориентација на слободните ѕидари и политичките партии во Кралството Југославија – втор дел

popara4 јули, 20113min00
6

Бидејќи банкарскиот капитал во Србија беше намален, а Словенија беше под цврста контрола на католичката црква, хрватската буржоазија беше најфинансиски силна, бидејќи во нејзино закрило ја имаше Првата хрватска штедилница, финансиски завод кој беше основан во 1848 година, а со тек на време од институција со трговски капитал прерасна во моќно банкарско упориште кое доминираше во Југославија. Кон крајот на 1930 година, штедните влогови во Првата хрватска штедилница зафаќаа 13% од вкупниот влог во целата земја. Бидејќи банката имаше обврска да исплаќа камата, беше усмерена кон рентабилно вложување на паричните средства, поради што нејзината ориентација беше долгорочните инвестиции, пред сé во индустријата. Поради тоа, Првата хрватска штедилница, значајно ја финансираше индустријата, кожната индустрија, хемиската индустрија, дрвната индустрија.

Со падот на Првата хрватска штедилница и другите финансиски институции, после 1932 година, означуваше конечно меѓусебно разидување, пред сé меѓу српската и хрватската буржоазија. Ова особено имаше влијание врз разидувањето на најзначајните хрватски политичари и финансиери на Кралот Aleksandar (како интересен податок е да се изнесе дека тие всушност беа слободните ѕидари).

Уште еден значаен фактор кој имаше одлучувачко влијание врз процесот на економскиот и политичкиот развој. Странскиот капитал претставуваше финансиска основа, а притоа обезбеди интернационализација на одредени прашања, процеси и настани кои на крајот резултираа со несигурна и неизвесна надворешна политика.

Австрискиот, германскиот, чекословачкиот,унгарскиот, францускиот, белгискиот, италијанскиот, англискиот, швајцарскиот и шведскиот капитал беа најприсутни во банкарството, па во Кралството Југославија функционираа пет подружници на странски банки и 14 банки во кои основниот капитал во поголем дел беше странски (тоа беа т.н. мешовити – банки: Франсцуско-југословенска; Прашко-југословенска итн).

Дел од странскиот капитал имаше и во акционерските друштва, осигурителните компании, во трговијата, транспортните компании, индустриските претпријатија, во рударството, поради тоа во една компанија можеше да се сретнат повеќе странски претставници. Во 1939 година странскиот капитал во индустријата зафаќаше 51,39% од вкупниот капитал, поради тоа може да се нарече нејугословенска индустрија. Единствениот сектор во која домашен капитал имаше поголемо учество (55,5%) беа извозните кредити, што повторно се поврзуваа со странскиот капитал, бидејќи овие кредити беа издавани на претпријатија во кои поголемиот дел од капиталот припаѓаше на странските инвеститори.

Индустрискиот, финансискиот и странскиот капитал меѓусебе се испреплетуваа и ги поврзуваа државните врвови со странските државни врвови, со што се овозможуваше да се контролира економскиот живот и да се влијае врз централната државна и политичка моќ… Со користење на економскиот развој после војната, поврзаноста меѓу државната власт и странскиот капитал, од една страна, а од друга страна, евтината работна сила и природните богатства на земјата, резултираше српската буржоазија да доживее пораст, предизвикувајќи негативни реакции кај буржоазијата кај другите народи, а особено кај хрватскиот… Хрватската буржоазија – финансиски моќна, поврзана со животната традиција на средна Европа, тесно поврзана со благородништвото и аристократијата, чувствуваше надмоќ во поглед на животниот стил, во економскиот и културниот живот – поради тоа за закана го сметаше јакнењето на српската буржоазија и се трудеше да и ја ограничи моќта и да влијае врз рамноправна поделба, доколку беше можно, во рамките на постоечката држава.

Во основа, секоја политичка група, партија или класа, кога е во малцински однос (позиција), ги бара сите можни начини како да ги реализира и наметне своите цели, поради што континуирано постоеја конфликтите меѓу националистичката (хрватска) и унитаристичката (југословенска) страна. Со вешти политички манипулации, хрватската буржоазија се постави на чело на ХРСС, односно на ХСС и водеше борба за добивање на поголема власт над српската буржоазија.

Во своите политички, државни, културни и образовни предности во Кралството Југославија, слободните ѕидари беа присутни и се почесто ја имаа одлучувачката улога, па поради тоа во меѓувоениот период, економската, политичката и културна ситуација и настани тешко дека можеа да замислат без слободните ѕидари.

Единствената организација која ја собра целата елита од сите национални буржоазии во Кралството Југославија беше слободното ѕидарство. Притоа слободните ѕидари се трудеа да ги надминат несогласувањата, нагалсувајќи дека најважно од сé е во секоја партија или секое движење да има по еден застапник од масоните, а со тоа масоните да ја спроведат својата политика и своите начела со цел да ја подобрат ситуацијата во државата, а со тоа да го забрзаат развојот и да го подигнат човештвтото и благосостојбата на повисоко ниво.

Поради тоа, не е воопшто невообичаен фактот дека голем број на слободни ѕидари беа меѓу политичарите. Во сите влади на Кралството СХС, секогаш имаше по неколку слободни ѕидари.

Како интересни и индикативни факти би ги навеле следните: претседатели на шест влади беа слободни ѕидари; во триесет и една влада министрите за надворешни работи најчесто беа слободни ѕидари; во дваесет и четири влади министрите за образование беа масони; во дваесет и две влади министрите за правда; во дваесет влади министрите за финансии. Покрај тоа, слободните ѕидари беа дел и од следните работни места: министри за земјоделство (15); за градежништво (11); социјална политика (9); аграрни реформи (5); пошта и телеграф (7); здравство (4).

Vojislav Marinković

Претставници имаше и во сите политички партии, а најбројни беа во Демократската партија и во Самостојната демократска партија. Дел од нив: Vojislav Marinković, Kosta Kumanudi, Ilija Šumenković, Aleksandar Miljović, Budisalv Anđelinovi, Savko Dukanac, Božidar Vlajić, Rista Jojić, Dobra Lazarević. Конфликтот помеѓу Davidović и Svetozar Pribićević, кој на крајот резултираше со основање на неговата посебна СДП (1924 година) имаше слободноѕидарска позадина како и настојувања, Кралот Aleksandar да го централизира блокот, а со тоа да придонесе за слабеење на Демократската партија. Поради тоа слободните ѕидари од СДП, под негово водство, беа и членови на главниот одбор: Gregor Žerjev, Ljubo Tomašić, Ivan Paleček, Miloš Savčić, Albert Kramer, Vladimir Ćorović, Stanoje Stanojević, Aleksandar Bellić, Bogdan Gavrilović, Jeremija Živanović, Prvislav Grizogono, Roko Arneri, Pero Zec, Srđan Budisavljević, Juraj Demetrović, Većeslav Vilder, Hinko Krizman.

Ljube Davidović

Конфликтот помеѓу Davidović и Pribićević зеде замав најмногу по завршувањето на Конгресот во Загреб во 1922 година, а причината беше прашањето за децентрализација на земјата и потребата од ревизија на Видовданскиот устав. Pribićević кој беше екстремист во своите инитаристички и централистички идеи, за на крајот од конфликтот да биде наведен за политичка емиграција, за подоцна да соработува со комунистите.Разидувањето помеѓу Ljube Davidović и Svetozar Pribićević, на крајот резултираше со создавање на СДП.

Svetozar Pribićević

Исто така, слободни ѕидари имаше и во Радикалната партија – M. Spalajković, D. Branković, D. Aleksijević, N. Ninčić.

За време на Конгресот на јавните работници, за чие одржување беше покренато иницијатива од страна на масоните, учествуваа голем број на слободни ѕидари – B. Marković, M. Grol, Lj. Mihailović, B. Vlajić, D. Vasiljević, J. Banjanin, M. Ćurčin, O. Gavrančić, R. Đunio, M. Kostrenčić, P. Križanić, I. Politeo, Ž. Petričić, I. Ribar, N. Stojanović.

Масони во ХСС беа: Ivana Šubašić, Iva Krebeka, Juraja Šuteja, Juraja Krnjević.

Централно прашање во политичкиот живот беше разидувањата помеѓу унитаристите, централистите со федералистички (сепаратистички) концепт и националистите (хрватите), а конфликтот придонесе во Кралството Југославија да дојде до изразена поделеност во националното, верското и социјалното поле.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma