Ви претставуваме 7 трикови со кои може да се разладите за брзо време без да употребувате мраз или клима!

popara3 јули, 20202min00
trikovi

Кога е жешко, најлесно е да го вклучите клима-уредот, или да извадите пакување мраз од замрзнувачот.Но, што ако никоја од овие работи не ви се при рака?

Не очајувајте, секогаш има и други, многу ефикасни начини да се разладите брзо.

1. Пијте вода редовно

Експертите советуваат дека кога е прежешко времето, треба да внесувате најмалку 300 мл вода секој час. Колку подобро се хидрирате, толку повеќе освежено ќе се чувствувате.

2. Покријте го вратот

Сензорите за топлина се наоѓаат во вратот, и се препорачува овој дел од телото да го покриете со капа или пешкир. Така автоматски ќе го намалите ефектот на топлината.

3. Изладете ја главата

Навлажнете ја косата малку или ставете влажна крпа на главата. Многу луѓе забораваат дека кога е голема топлина, најважно е прво да се излади главата, а потоа другите делови од телото.

4. Изладете ги рацете

Потопете ги рацете до подлактиците 10 секунди под проток на ладна вода или во сад исполнет со ладна вода. Истото можете да го сторите и со нозете.

5. Ментол

Користете креми за тело или гума за џвакање со ментол, тоа ќе го зголеми чувството на свежина.

6. Не ја заборавајте краставицата

Исечете парче разладена краставица и ставете го на челото, веднаш ќе почувствувате бран свежина.

7. Јадете зачинета храна

Да, иако звучи чудно, познато е дека луѓето од потоплите региони јадат претежно зачинета храна. Тоа ќе ве натера да се потите повеќе, што придонесува за ладење на организмот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma