Ова се симптомите и последиците од Коронавирусот кај децата!

popara4 јули, 20201min00
deca

Лекарите велат дека студијата инспирира надеж, но научниците допрва треба да најдат соодветен третман за децата кои јаразвиваат најтешка форма на болеста.

Медицинските студии спроведени во Европа, кои се однесуваат на деца кои страдаат од КОВИД-19, укажуваат дека смртноста е ретка меѓу нив, пишува ББС. Забележано е дека досега, четири од 582 заразени деца починале како резултат на КОВИД-19, од кои две страдале од хронични заболувања.

Забележано е дека симптомите обично биле благи кај децата, а дел од тестирани на корона вирусот дури и не ги покажувале. Но, секое десетто дете завршило на интензивна нега.

Што покажа студијата?

Група научници предводени од експерти од Институтот за детско здравје во детската болница „Great Ormond Street“ во Лондон, ја надгледувале состојбата на 582 заразени дециле позитивни н на корона вирусот, а една четвртина од нив имале придружни здравствени проблеми.

Од четирите починати деца (0,69 проценти од примероците) ниту едно не било помладо од 10 години, а две од нив страдале од други болести.

На повеќе од половина од децата вклучени во студијата им бил потребен болнички третман, а осум проценти од нив завршиле на интензивна нега.

Кои биле симптомите кај хоспитализираните деца?

Децата најчесто имале треска (65%), инфекција на горниот респираторен тракт (54%), пневмонија (25%) и симптоми на гастроинтестинални (22%).

Околу 16 проценти од децата биле тестирани бидејќи оствариле контакт со заразено лице, не покажале никакви симптоми.

Кои се последиците?

Истражувачите посочуваат дека стапката на смртност кај децата е „значително пониска“ отколку што покажува студијата, со оглед дека лицата кои развиле благи симптоми сè уште не биле тестирани во моментот на спроведувањето на студијата.

Додаваат дека е неопходно да се соберат дополнителни информации затоа што на тој начин на лекарите ќе им се помогне при изборот на најдобра терапија за децата кои страдаат од КОВИД-19.

Д-р Марк Тебриџ од Институтот за детско здравје во детската болница „Great Ormond Street“ вели дека е забележана само поблага форма на болеста кај повеќето деца и млади.

  • Но, не треба да го игнорираме фактот дека некои деца страдаат од потешка форма на КОВИД-19, за која е потребна интензивна нега. Ова треба да се земе предвид при планирањето и приоретизацијата на здравствените ресурси бидејќи пандемијата се развива и понатаму, рече Тебриџ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma