Ерата на карантинот го донесе трендот на природен изглед, кој го најде својот највпечатлив израз во таканаречените „бебешки веѓи“.
Овие веѓи треба да бидат бушави и со голем волумен. Инфлуенсерите наместо тенките и уредни веѓи, ги правеа овие веѓи. Тие се појавија срамежливо на бјути сцената, но кризата со корона вирусот придонесе за нивната популарност, и покрај поделените мислења.
Кога Ела Дворник ги проба, нејзиниот сопруг не можеше да престане да се смее. Хејли Бибер, од друга страна, веќе некое време ги чешла така за модни ревии.
Се разбира, не е доволно само да ги оставите веѓите да растат – всушност, овој “модел” бара повеќе напор, а потребни ви се пинцети, ножици, четка и сапун.
Прво, користете пинцети за обликување на веѓите според карактеристиките на лицето и отстранете го вишокот на влакна. Исчешлајте ги нагоре веѓите и со ножици исечете ги врвовите за да изгледаат рамно. Четката протријте ја на сапун, а потоа повторно исчешлајте ги веѓите нагоре за да изгледаат „накострешено“ . Ако вашите веѓи се природно ретки и треба малку да ги доцртувате со молив, можете да користите гел наместо сапун.
Крајниот резултат треба да изгледа вака: