Кон кои гревови сте склони во зависност од вашиот датум на раѓање?

popara7 јули, 20203min00
sueta

Секој од нас прави грешки во животот што не водат кон поголемо или помало пад во животот.Без разлика дали сакаме да го признаеме то или не, паѓаме во искушенија и гревови многу почесто отколку што сме свесни.Ако може да им се верува на експертите, во зависност од вашиот датум на раѓање, вие сте сколни кон извршување на одредени гревови:

Прељуба (22 ноември – 21 декември)

Луѓето родени во овој период се склони кон чести флертувања, кои кога се претвораат во нешто поголемо, не можат да одолеат. Ова е нивниот најчест грев. Тие сметаат дека сексот е презабавен и не можат без него. Затоа е тешко за нив да постигнат квалитетен и долгорочен однос. Дури и кога тие искрено сакаат некого, тешко им е да не флертуваат барем повремено.

Мрзеливост (19 февруари – 20 март)

Овие се луѓе кои постојано се во облаците и слабо се соочуваат со реалноста. Тие знаат како целосно да се дистанцираат од луѓето и околината и да се повлечат во нивниот мал свет. Постојано сонуваат за нешто и мислат „што би било кога би било“, а ретко преземаат акција.

Лажење и измама (21 мај – 22 јуни)

Тие имаат грда навика да додаваат лажни детали и да создаваат приказни. Кога треба да ја кажат вистината, многу е тешко за нив да не додадат нешто. Се верува дека причината лежи во фактот дека повеќето од овие луѓе се родени во знакот на Близнаци, кои имаат две лица и два погледи на секој настан.

Гордост (20 јануари – 18 февруари)

Луѓето родени во овој период веруваат дека тие се посебни и се разликуваат од другите. Тие честопати се обидуваат да докажат дека се поуспешни и помудри од другите. Тие со задоволство се величаат себеси.

Нарциси, инати и идолизирања (23 јуни – 22 јули)

Тие се карактеризираат со пожртвуван став кон животот, како и посебен однос кон прекумерното сакање на себеси. Тие имаат тенденција да му се спротивстават на партнерот, ставајќи го него и неговите потреби под своите. Тие постојано следат што прави партнерот и константно му даваат критики.

Алчност (22 декември – 19 јануари)

Конкурентни луѓе кои ќе сторат сé за да ја задржат својата позиција и моќ. Кога ќе успеат во животот, тие се фалат и перчат при првата прилика.

Гордост и суета (22 јули – 23 август)

Овие луѓе се многу склони кон нарцизам. Тие се крајно себични во врските. Тие знаат како да ги импресионираат другите со една насмевка, но во суштина тие се многу арогантни и премногу веруваат во себе. Понекогаш дури и блиските луѓе не сакаат да имаат никаква врска со нив, затоа што во очите на другите луѓе гледаат го гледаат само својот одраз, ништо друго.

Неумереност во јадење и пиење (21 април – 20 мај)

И овие луѓе може да бидат склони кон нарцизам. Им се допаѓа само она што на крајот ќе им донесе корист. Тие се полни со нездрави навики, вклучувајќи претерување со јадење и пиење.

Завист и љубомора (23 август – 23 септември)

Кога станува збор за нивните желби, тие се крајно нереални и нестабилни. Тие често не можат да одлучат што навистина сакаат или како да го добијат тоа. Сепак, сакаат да бидат оние кои ќе зборуваат за сите и кои ќе го привлечат спротивниот пол како магнет. Љубомората е нивното второ име, а манијачењето според нив е сосема „нормална“ работа.

Копнежи (24 октомври – 21 ноември)

Ова е основниот грев кај луѓето родени во овој период. Причината за тоа е веројатно нивната исклучително страсна природа и желбата за постојан контакт со други луѓе. Имаат голема убедлива моќ, тие се одлични психолози. Сепак, за нив е тешко да најдат љубов само кај една личност. Во повеќето случаи, тие имаат проблем со партнерот, затоа што тој ги тера да го сторат она што не сакаат да го прават.

Суета (24 септември – 23 октомври)

Тие не се грижат за ништо друго освен за нивниот изглед. Тие со часови се гледаат во огледало и му се восхитуваат на своето убаво лице. Ова може да биде единствената работа што навистина им е потребна во животот.

Убиство (21 март – 20 април)

Нивната најчеста особина е непредвидливоста и силниот темперамент. Ако гневот на овие луѓе е насочен кон вас, вие буквално не можете да преживеете. Тие се многу активни и спонтани. Толку спонтани што честопати тоа ги води до неволји. Овие луѓе мора да научат да ги контролираат своите емоции, затоа што нивниот силен гнев лесно може да им наштети на другите а и на нив самите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma