Случајно пронашле 11 милијарди долари

popara4 јули, 20111min00
637642-110701-sri-padmanabhaswamy-temple

Големи количини на златен и сребрен накит, стари монети и скапоцени камења биле пронајдени во храмот Шри Падманабасвами, кој пред тоа бил познат само по своите прекрасни скулптури. Сепак, можно е конечниот износ да биде далеку поголем, бидејќи постојат неколку комори на храмот кои се уште не биле пребарани!
Како што соопштиле Индиските официјални лица, група на археолози веќе работат на проценување на ова неверојатно богатство, со цел да се утврди неговата точна вредност.

Богатството било откриено во последните пет подземни комори на храмот, кој се наоѓа во јужниот дел на индиската држава Керала.
Исто така биле откриени и неколку тајни комори, кои допрва треба да бидат отворени, а во нив би можело да има уште богатство.

Храмот е подигнат во чест на богот Вишну, а изградбата започнала во 1566. година. Во храмот со години луѓето оставале разни скапоцености во чест на богот.

Кога Индија прогласила независност од Велика Британија во 1947. година, храмот бил контролиран од страна на потомците на кралското семејство Траванкор, но Врховниот суд на Индија неодамна одлучил храмот да го стави под државна контрола.

Веста за откривањето на големото богатство довело до драстично зголемување на присуството на полициските сили во близина на храмот, за да можат навремено да реагираат доколку се јават можни ограбувачи кои сакаат пари и слава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma