Експертите велат дека конечно знаат кој е клучниот елемент што открива дека жената изневерува.
Иако постои заедничко мислење дека мажите изневеруваат „затоа што можат“, а жените кога се запоставени и несакани, оваа генерализација, како и секоја друга, не е секогаш точна. Жените, како и мажите, изневеруваат од различни причини, а она што ги обединува двата пола е тоа што сакаат да знаат дали се изневерени. А научниците сега тврдат дека имаат начин да им помогнат на мажите да го добијат одговорот на тоа прашање.
Студијата за 2013 година, наречена Human Female Orgasm as Evolved Signal: A Test of Two Hypotheses беше спроведена врз 138 жени и 121 мажи кои се во хетеросексуална врска.
Испитаниците одговориле на низа прашања во врска со нивниот сексуален живот. Мажите одговориле на прашањето колку често нивниот партнер доживува оргазам, а жените колку често имаат оргазми, но и колку се интензивни.
Кога одговорите се вклопија со остатокот од прашањата во врска со нивното можно неверство, научниците исто така заклучиле дека колку почесто жената во врската глуми оргазам, толку е поголема веројатноста таа да го изневерува својот партнер.