Вашиот став кон парите, на многу начини укажува на тоа каква личност сте, тврдат експертите.Мелиса Браун, финансиски експерт, ги подели сите луѓе на 4 основни типа според тоа каков им е односот кон парите.
Проверете кој тип најдобро ве опишува.
Работник
Зборот што најдобро го опишува е: прагматичен.
Тој верува дека сè може да се постигне преку напорна работа. Ги почитува правилата и неговиот омилен слоган е: тивка вода, брег рони.
Тој ја проверува финансиската состојба секоја недела.
Предности: упорност и лојалност.
Недостатоци: премногу крути во следењето на правилата, склони кон „исцрпување“ од работа.
Дизајнер
Со еден збор: идеалист.
Длабоко убеден дека ако сака нешто, може да го постигне.
Предности: тие се флексибилни, оптимистични и лесно ги решаваат проблемите.
Недостатоци: тие често донесуваат одлуки премногу брзо и не сакаат многу да се замараат со деталите.
Опортунист
Најдобро е опишано со зборот: интелектуалец.
Најкритичен и најциничен тип. Тие веруваат дека најдобриот пристап кон финансиите е: замисли и научи.
Предности: логика и интелект, внимателно размислување пред да донесе одлука.
Недостатоци: тие се полни со предрасуди, понекогаш размислуваат премногу, неодлучни се.
Посредник
Со еден збор: соработка.
Тие веруваат дека успехот доаѓа преку познаници и грижа за луѓето кои ви се важни.
Предности: сочувство, разбирање, снаодливост.
Недостатоци: тие реагираат премногу емоционално во важни моменти, ги занемаруваат сопствените интереси.