Филмот “Пиратите од Крибите“ со најновото продолжение, овој викенд ја надмина границата од милијарда долари заработка, објави сајтот Дедлајн кој ја следи филмската индустрија.
Ова е втор филм од продолженијата на Пиратите кој има заработено повеќе од милијарда долари. Повеќе од милијарда долари заработија уште два филма на Дизни, а тоа се “Алиса во земјата на чудата“ и “Приказната за играчките 3“.
“Пиратите од Карибите“, се дури осмиот филм во историјата кој има заработено повеќе од милијарда долари.