Колку работи НАВИСТИНА можеме да запомниме за 20 секунди и зошто нашите мисли талкаат?

popara20 јули, 20202min00
misli

Колку пати сте се запрашале дали сè е во ред со вашата меморија, затоа што не можете веднаш да се сетите на нечиј телефонски број?

И колку пати се фаќате себеси дека вашите мисли одлетале, или воопшто не сте го слушале соговорникот?

Експертите на интересен начин ги објаснуваат феномените на краткотрајната меморија и „одлетувањето“ на мислите.

Меморија

Истражувањата покажуваат дека просечното лице може да запомни 3,4 работи одеднаш за 20 секунди, најмногу 7. Најголем дел од информациите во нашата краткотрајна меморија исчезнуваат за неколку секунди и ретко остануваат подолго од една минута.

На пример, се обидувате да запаметите телефонски број што некој тукушто ви го кажал, може ќе повторите 4,5 цифри и… останатиот дел веќе „испарил“ од мозокот.

Бројот ќе го запамтите само по неколку повторувања, по што станува дел од долготрајната меморија.

Исто така, краткотрајната меморија е под влијание на нови информации, кои веднаш ги потиснуваат старите, како и прекините од страна.

„Одлетување“ на мислите

Психолозите со децении се занимаваат со овој феномен. Студиите покажуваат дека ние трошиме дури една третина од нашите животи во „одлетани мисли“, а некои истражувачи тврдат дека овој процент е дури 50 проценти од нашите животи.

Толкувањата на овој феномен се различни, но сите се согласуваат на една работа: нашите мисли талкаат кога нашето основно дејство (возење автомобил, разговор или нешто друго) не е доволно интересно, а мозокот се префрла на други активности.

Што се однесува до возраста, помладите лутаат почесто од постарите, а луѓето кои се тажни и имаат многу проблеми почесто „талкаат“.

Предности на „одлетаните“ мисли: му овозможува на мозокот да се фокусира на други работи, овој феномен честопати се поврзува со креативноста – на пример, се обидувате да решите проблем со часови, без успех. Оставете ги вашите мисли да талкаат, вие веќе не сте фокусирани на проблемот, а потоа обично се случува ефектот „АХА“, кога имате решение.

Недостатоци: големи се шансите дека основните задачи или активности од кои сте се оддалечиле, ќе ги направите уште полошо затоа што едноставно не сте доволно посветени на нив. Исто така, во екстремни случаи, негативна работа кај депресивните луѓе е што преку „одлетаните“ мисли, одново и одново размислуваат  за своите проблеми или други лоши искуства.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma