Рајан Гослинг и Крис Еванс ќе бидат главните ѕвезди на новиот шпионски трилер “The Gray Man”, соопшти компанијата Нетфликс.
Филмот, кој е наменет за да создаде нова франшиза како онаа за Џејмс Бонд, ќе го режираат креаторите на “Avengers: Endgame” Џо и Ентони Русо, пишува NME.
“The Gray Man” се базира на истоимениот роман на Марко грини, кој е објавен во 2009та година. Ја следи приказната на главниот лик Корт Џентри (Court Gentry), кој е платен убиец и поранешен оперативец на CIA.
Гослинг ќе го толкува главниот лик, а Еванс ќе го игра Лојд Хансен, поранешен колега на Џентри од CIA, кој сега го “лови” по целиот свет.
Почетокот на снимањето е закажан за јануари 2021ва година во Лос Анџелес, а подоцна ќе се преместува на повеќе локации во светот.