Морски рај без конкуренција: Зошто една ноќ во ова лето одморалиште чини дури 900 евра
Сега, кога нашите мисли се на море на коe повеќето од нас не можат да одат, ние немаме друг избор освен да уживаме во фотографиите од прекрасните летни одморалишта и можеби да направиме планови за следната година.
И додека просечната личност фантазира за убави, но достапни дестинации, еве каде го поминуваат летото оние што можат да платат дури 900 евра за една вечер во луксузно одморалиште! Ви претставуваме нова летна атракција на Малдиви, која е вистински мал тропски рај составен од околу 60 одвоени лебдечки вили.
Првите гости се сместиле во нив на 15 јули, со строги правила за спречување на корона вирусот, и тие ќе имаат можност да уживаат во современиот луксуз со кој е опремена внатрешноста на куќата, како и зачудувачкиот надворешен и бесконечен поглед на тиркизното море. Погледнете ја нашата галерија и за момент во вашиот ум, испловете во вистински мал морски рај …